
Во неделата во Њујорк се одржа уште едно доделување на престижните награди „Тони“, на кое се собраа бројни познати дами, кои, меѓу другото, ја искористија можноста да ги покажат раскошните тоалети.
Сепак, една особено се издвои, а тоа е оскаровката Лупита Нјонго, која се прослави со улогата на Петси во филмот „Twelve Years a Slave“.
Лупита за таа прилика одбра црн костум, под кој наместо блуза носеше гипсен модел од своите гради. Моделот го изведе пакистанската уметница и дизајнерка Миша Јапанвала.
Актерката го носеше уметничкото дело обесено околу вратот само на синџир, а откако ја извади црната јакна, го покажа разголениот грб.
Лупита се пофали со стајлингот и на својот Инстаграм профил, велејќи дека тоа е „бесрамно вонтелесно искуство“. Таа во описот на фотографијата објасни како се чувствувала додека ја носела оваа специјално изработена блуза на црвениот килим.
КАКО ИЗГЛЕДАШЕ ПОГЛЕДНЕТЕ ТУКА.