
Многу луѓе се прашуваат дали воопшто постојат вежби за подбрадокот
Процесот на стареење ја прави кожата полабава и помалку еластична, а вишокот килограми влијае и на формирање на масни наслаги дури и во образите и вратот. Се ова заедно може да доведе до создавање на подбрадок.
Уште една причина за формирање на подбрадок е гледањето во мобилен телефон со свиткана глава. Земете го телефонот и погледнете надолу, ќе забележите дека се формираат набори под брадата и на вратот. За среќа, постојат решенија кои ќе ви помогнат да се ослободите од него. Покрај балансирана исхрана и вежбање, кои се неопходни за здравје и убавина, можете да практикувате и вежби на јога за лицето.
Во таа серија вежби има и вежби за подбрадокот кои се базираат на специфични и едноставни пози, ја затегнуваат кожата и ги намалуваат наборите под брадата. Уште една од нивните предности е тоа што можете да ги правите во секое време и секаде, потребни ви се неколку минути и минимален напор. Со секојдневно вежбање, вашето лице може да изгледа помладо и послабо.
Се изведуваат со држење на рамената исправени, благо навалени наназад. Можете да ги ставите рацете на рамената, потоа длабоко да вдишете низ носот, а потоа да издишете преку устата. Поместете ја главата на десната страна нагоре и почнете да ги движите усните така што ќе ги „пучите“ на десната страна, треба да почувствувате како се стегаат мускулите на вратот. Важно е рамениците да останат спуштени.
Вратете ја главата кон центарот, потоа движете се на левата страна, па повторно во центарот, па повторете неколку пати на десната страна. Повторувајте наизменично. По оваа вежба можете да направите уште една – зафрлете ја главата малку наназад и останете во таа положба неколку минути, но погледот нека ви биде насочен нагоре. Држете ги рамената со рацете за да не се повлечат нагоре, а потоа наведнете ја главата надолу и вратете се во првобитната положба.