Срцето е еден од најважните органи, кој овозможува нормално функционирање и работа на нашето тело. Многу фактори можат негативно да влијаат на неговото здравје, што може да доведе до сериозни последици.
Како што објаснуваат експертите, многу студии покажале дека одредени нездрави фактори се особено штетни за здравјето на нашето срце, а тука спаѓаат:
– пушење
– нездрава исхрана
– прејадување
– недоволна физичка активност.
Докажано е дека секоја од овие навики го зголемува ризикот од разни болести на срцето и циркулаторниот систем и затоа може да доведе до срцев удар или срцева слабост.
Дури и најмалите промени во животниот стил, како што се откажување од пушење, правилно јадење или редовно вежбање, можат позитивно да влијаат на здравјето на срцето, пренесува „Index.hr“.