Чајот од банана е совршен извор на калиум и магнезиум, односно минерали кои се важни за здравјето на срцето и квалитетен сон. Содржи и витамин Б6, кој го зајакнува имунитетот и позитивно влијае на црвените крвни зрнца, пишува сајтот healthline.com.
Истражувањата докажуваат дека поради присуството на калиум, чајот од банана спречува надуеност, а совршената комбинација на магнезиум и калиум помага при несоница. Истражувањата покажуваат дека чајот од банана го регулира и нивото на шеќер во крвта и позитивно влијае на здравјето на срцето.
Подготовка:
Во 500 до 750 мл зовриена вода ставете една излупена и исечкана банана. Намалете ја топлината и оставете да врие пет до 10 минути. Додадете малку цимет и мед. Процедете го чајот и уживајте во неговите благодети.
Пред да го користите овој природен лек, задолжително консултирајте се со вашиот лекар.