„СЕ УШТЕ ЈА САКАМ ТАА ЖЕНА…“ Бред Пит откри со кого имал една од најубавите врски

popara14 јуни, 20231min00
8a161907c80c374d93522933b40007a58cb2b2d0

Таа исто така е сингл и сака деца…

Бред Пит (59) љубеше бројни дами, некои од светот на познатите, некои не поврзани со јавните работи, а сега откри која врска му била една од најубавите.

Не, не се работи за онаа со Џенифер Анистон, ниту за онаа со Анџелина Џоли. Сигурно и дека и нив ги класифицира како убави, барем до моментот кога почнале погубните проблеми, но сега мислеше на трета жена.

Станува збор за шармантната Џулиет Луис (49), која ја запознал на снимањето на филмот „Too Young to Die“, кој почна да се прикажува во кината во 1990 година.

Тогаш Џулиет имала 17 години, а Бред 27.

– Сè уште ја сакам таа жена. Ми беше прекрасно со неа. Тоа беше една од најдобрите врски во кои сум бил. Проблемот е што растеме со визија дека љубовта победува се, а тоа едноставно не е така, нели? – изјави актерот во интервју за „Vanity Fair“.

Џулиет и Бред заедно глумеа и во трилерот Калифорнија. Беа во врска три години, раскинаа во 1993 година.

Меѓутоа, Џулиет е прилично засрамена од тој период. Вели дека правела бројни гафови, дека се облекувала „како кретен“. Сепак, таа тврди и дека искрено го сакала Бред. “Тој е навистина добро момче. Во тоа време, четири години изгледаа како вечност. Тој беше мојата најдолга врска и заедно ја изгубивме анонимноста”, се присетува Џулиет.

Според неа, таа љубов денес и изгледа како врска од средно училиште. „Го гледам како некој со кого споделив дел од историјата, бидејќи тој денес е толку познат“, признава актерката. „Му посакувам многу среќа, го сакав со целото мое срце.“

Џулиет имала еден брак и неколку значајни врски. Последното познато момче исто така се викало Бред. Станува збор за музичарот Бред Вилк поради кој беше обвинета дека му го растурила бракот. Сепак, таа веќе некое време е сингл и, како што вели, се надева дека ќе најде среќа и сака за децата.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag