Актерката и во шестата деценија не остава никого рамнодушен
Актерката Селма Хаек достоинствено старее. Таа не се срами од брчките или седата коса, а за разлика од многу други јавни личности, нема проблем да се појави во јавноста без шминка.
Во една прилика за магазинот „Elle“ откри која е тајната на нејзиниот младешки изглед:
“Јас користам екстракт од кората на дрвото tepezcohuita (mimosa tenuiflora), кое се користи во Мексико за лекување на изгореници бидејќи целосно ја обновува кожата. Никој не го користи во САД”, рече таа, а потоа додаде:
„Се прашуваа како е можно никој да не го користи. Благодарение на овој екстракт, не ми требаат ботокс или филери.
Неодамна таа ги воодушеви своите фанови со фотографија која ја објави на својот Инстаграм профил. Светлосините бикини ја истакнаа нејзината фигура на песочен часовник.
Иако некои имаат мислење дека убавата актерка хируршки ги зголемила градите, таа демантираше:
“Многу луѓе тврдат дека сум ги зголемила градите хируршки. Не ги обвинувам. Градите ми беа навистина помали. Како и остатокот од моето тело”, објасни таа еднаш во емисијата “Red Table Talk” на нејзината колешка Џејда Пинкет Смит. Откри дека, во нејзиниот случај, неколку работи придонеле за нејзиното природно зголемување на градите:
“Градите на некои жени се намалуваат. Но, има некои жени кои кога ќе се здебелат – градите им растат, а на други им растат гради додека дојат и никогаш не се враќаат во нормала. Исто така, во некои случаи градите растат дури и кога сте во менопауза. Случајно, излезе дека сум една од оние жени на кои им се случи сето ова. Тие пораснаа кога се здебелив, забременив и влегов во менопауза. Тие само продолжија да растат и станаа многу, многу, многу поголеми. Постојано имам болка во грбот поради тоа. Луѓето не зборуваат за тоа, но јас ќе ви кажам. Градите растат – и тоа многу.”
Под фотографијата од луксузната јахта имаше коментари „Фантастично старееш“, „Супержена“, „Немаш лоша фотографија“, „Неверојатно убава“.