Едноставните и удобни апостолки се враќаат на модната сцена, како незаменлив моден додаток.
Во последните неколку сезони се враќаат многу трендови од минатото. Повторно се популарни и апостолките, некогаш омилените летни чевли.
Во текот на деведесетите на модната сцена се појавија едноставните и удобни апостолки. Со текот на времето станаа задолжителни за одење на плажа, а почнаа да се носат и со опуштени секојдневни модни опции.
Апостолките станаа синоним за летни обувки поради нивната едноставност, практичност и леснотија. Нивниот препознатлив дизајн со пластични ремчиња и гумен ѓон обезбедува удобност и леснотија на движење.
Иако лекарите веруваат дека апостолките не ги поддржуваат правилно глуждот и стапалото и дека не треба да се носат предолго, популарноста на апостолките не се намалува со текот на годините. И годинава се присутни на модната сцена, во малку поинакви варијанти.
Модните експерти и дизајнери го препознаа потенцијалот на апостолките како стилски додаток. Денеска се носат со лелеави летни фустани, панталони, здолништа, шорцеви, но и со елегантни вечерни фустани. Се носат во лежерни дневни комбинации, но и во свечени, вечерни пригоди.
Апостолките се практични чевли кои лесно се одржуваат и брзо се сушат. Со зголемената свест за одржливост и рециклирање, апостолите се исто така популарни бидејќи се направени од рециклирани материјали, што ги прави еколошки прифатливи.
Апостолките на платформа се особено популарни оваа година. Тие се елегантни и удобни, со дебел гумен ѓон и широк ремен. Нивниот дизајн обезбедува поддршка на стапалата, го намалува заморот и визуелно ги издолжува нозете.