
Температурата над 35 степени Целзиусови може да биде неподнослива. Телото се обидува да се олади со потење, а со тоа губи вода. Потребно е да се внесат минимум 2 литри течност за да се надомести изгубената влажност, но не било каква.
Препорачливо е да го намалите внесот на кафе. Доколку испиете повеќе од 1-2 шолји од овој напиток, голема количина на кофеин може да има негативен ефект врз срцето, што секако ја пумпа крвта во постресен режим за време на високите температури. Не пијте повеќе од максимум 2 шолји дневно, бидејќи на тој начин ја губите влажноста и создавате дисбаланс на вода и сол во телото.
Газираните пијалоци се исто така лош избор во текот на летните денови. Тие обично содржат поголеми количини на шеќер и натриум.
Повеќето грешат кога посегнуваат по пијалоци полни со адитиви, вештачки засладувачи и други состојки кои можат да го зголемат ризикот од многу болести како што се дијабетес, срцеви заболувања, вишок телесна тежина итн. Енергетските пијалоци, како и алкохолните пијалоци спаѓаат во групата која треба да се избегнува.
Водата, како и цедените сокови се многу подобар избор од пијалоците полни со адитиви и вештачки засладувачи.