
Сè додека лицето нема силна алергиска реакција со некои од опишаните симптоми, последиците од убодот може да се лекуваат дома.
Секој убод од оса лачи токсини кои предизвикуваат реакција во локалниот регион каде се јавуваат болки, отоци и црвенило со различен интензитет, но може да бидат и фатални. Пчелар сподели трик кој помага при убод од пчела, оса или стршлен. Некои од најважните разлики меѓу пчелите и осите, покрај распоредот на боите на телото и местата каде што најчесто се појавуваат (пчели на цвеќиња, околу чешми или вода, а оси околу свежо, но и расипано овошје и зеленчук), се токму убодите.
И двата вида касаат во самоодбрана, а осите се поагресивни и го прават тоа дури и кога не сте ги загрозиле. Пчелата боцка еднаш и во таа прилика на местото на убодот останува осилото, а осата може да ве боцне повеќе пати затоа што има способност да го извлече осилото. Секој убод содржи токсини кои предизвикуваат реакција во локалната регија со болка, оток и црвенило со различен интензитет, но може да дојде и до сериозна анафилактична реакција со фатален исход.
Што можете сами да направите и кога да посетите лекар
Сè додека лицето нема силна алергиска реакција со некои од опишаните симптоми, последиците од убодот може да се лекуваат дома. Вашиот прв чекор би бил да го отстраните осилото (ако сеуште е во телото бидејќи не е секогаш така) со внимателно стругање со рамен предмет со поостри рабови што сте го стерилизирале. Избегнувајте стискање на осилото со пинцета за да не се ослободи дополнително количество токсин. Откако ќе го решите ова, измијте ја погодената област со вода и неутрален сапун, нанесете ладна облога за да го намалите отокот и доколку е потребно земете аналгетик. Меѓутоа, ако сте биле искасани повеќе од еднаш, би било добра идеја да побарате медицинска помош за да избегнете да се изложите на зголемен ризик, особено ако сте биле искасани за прв пат и сè уште не знаете дали можеби сте алергични.
Доколку до тој момент сте развиле алергиски реакции, би било добро секогаш да имате антихистаминик со вас и дефинитивно да посетите лекар.
Многу лесно можете да си помогнете ако имате андол или аспирин во таблета, секогаш носете го со себе.
Примена:
За почеток, навлажнете ја таблетата и ставете ја на местото на убодот. Држете ја вака една минута и потоа отстранете од местото.
На овој начин ќе спречите отоци и болки, а нема да има непријатно чешање. Убодот наскоро ќе стане минато, а белегот што останува е незабележлив.