Кортни Кардашијан (44) чека бебе со Тревис Баркер (47)!
Славната Кардашијан за време на концертот му ја соопштила среќната вест на својот сопруг, додека на сцената настапувал Blink-182, во кој тој свири. Кортни крена транспарент пред бината на кој пишуваше:
– Тревис, бремена сум!
Идниот татко не знаел што го погодило кога го видел транспарентот и ја добил веста, по што отишол до Кортни и ја бакнал.
На видеото веќе јасно се гледа трудничкиот стомак, а публиката воодушевено ја поздравува славната двојка и ја споделуваше нивната среќа.
Запомнете, Кортни веќе има три деца со поранешниот сопруг Скот Дисик, додека Тревис има две деца со поранешната сопруга Шенон Моклер.
Кортни и Тревис се венчаа три пати. Првиот пат во Лас Вегас, потоа направија граѓанска венчавка во САД, а потоа организираа раскошна венчавка во Портофино.
Баркер ја запроси Кардашијан во октомври 2021 година на плажа во Монтесито, Калифорнија.