Ќерката на глумицата Гвинет Палтроу го облече нејзиниот фустан од 2002 и сите доживеаа „дежа-ву“

popara18 јуни, 20231min00
o_29448217_1280

Иако е на одмор во Италија со сопругот Бред Фалчук, Гвинет Палтроу реши да одговори на неколку прашања на нејзините верни следбеници на Инстаграм. Повеќето прашања се вртеа околу живописната дестинација што таа ја избра за одмор и многумина побараа љубовен совет, но еден следбеник праша дали нејзината 19-годишна ќерка Епл Мартин носи работи од нејзината модна архива.

image

Одговорот е, се разбира, да. На тоа прашање Палтроу всушност одговорила со фотографија од нејзината ќерка од бракот со фронтменот на Coldplay, Крис Мартин. На фотографијата, Епл позира во проѕирна тоалета на Александар Меквин што нејзината мајка првично ја носеше на Оскарите во 2002 година. Иако во тоа време актерката беше жестоко критикувана за нејзиниот моден избор, денес овие фустани се многу во тренд.

image

Таа еднаш за магазинот „Вог“ изјави дека не разбира зошто фустанот добил толку многу критики. “Сите всушност го мразеа овој изглед, но мислам дека е навистина кул. Се чувствував чудно бидејќи луѓето беа многу критични. Мислам дека фустанот беше премногу готски и темен во тоа време. Мислам дека некако ги шокираше луѓето, но ми се допаѓа.” , изјави таа. Дваесет и една година подоцна, Епл му ја даде втората шанса на фустанот што дефинитивно ја заслужува.

image

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma