Шпанските медиуми од ден на ден следат се што се случува во кралската куќа, па не е чудно што пишуваат и за подготовките на принцезата Леонор (17) која на крајот на август започнува воена обука.
Тоа е сериозен тренинг: кадетите треба да трчаат, да скокаат, да прават склекови, да пливаат…, што ја поттикна принцезата да се подготви малку порано, а тоа го прави во друштво на нејзината мајка, кралицата Летиција, која е позната по секојдневните вежби и грижата за здравјето.
Исто така, беше објавено дека принцезата Леонор е „многу посветена на оваа нова фаза што треба да започне и е многу дисциплинирана“, поради што не сака да постојат разлики меѓу нејзините идни колеги војници и самата себе. „Логично е секој кадет да се подготви малку порано бидејќи теоретските и практичните предмети се важни“, велат од кралската палата.