Модата на Хејли Бибер се движи од најелегантните класични изданија до „улична мода“ по која многумина не би ја препознале. Во секој случај, Хејли покажува дека може да облече се и не се срами да го носи она што го сака во секое време.
За прошетка низ Њујорк и завршување на секојдневните обврски, манекенката избрала топ од тантела без ракави и тексас бермуди кои наликуваат на машки модел. За се да биде уште поинтересно, таа носи црни рамни сандали со бели чорапи, за што често се „дискутира“ дали со тоа се кршат сите модни правила.
За да не биде забележана во гужвата, додала наочари и капа, па на прв поглед навистина не личи на себе.
Многу се зборува за моделот бермуди кој се носи во последно време. Тие се враќаат на модната сцена, па очекуваме летово се повеќе да се гледаат на улиците.