Три начини на кои ЈОГАТА може да ви помогне во губење на тежината: Не е се во калориите

popara19 јуни, 20231min00
891a61254b33d2100041087aa7af07a50a279d03

Јогата има многу здравствени придобивки, од зајакнување на мускулите, подобрување на спиењето до намалување на стресот. Но, дали може да помогне и при слабеење?

– Постојат неколку различни начини на кои јогата може да ви помогне да изгубите тежина, а не се работи само за калориите што ги согорувате – вели Џуди Бар, менаџер на програмата за јога во Клиничниот центар за интегративна медицина во Кливленд во Охајо, пишува Everyday Health.

– Јогата, ако се прави правилно, станува промена на животниот стил. Таа може да ви помогне да управувате со стресот, што исто така може да помогне во одржување на тежината, вели таа.

Податоците покажаа дека јогата е поврзана со губење и одржување на тежината поради неколку фактори, вклучително и трошење енергија за време на јога сесиите, поттикнување повеќе вежбање преку намалување на болките во грбот и зглобовите, зголемување на внимателноста, подобрување на расположението и намалување на стресот.

Јогата може да помогне во внимателното јадење

За време на јогата се зајакнувате себеси, освен што влијаете на мускулите. Кога држите некоја позиција подолг временски период, се поврзувате со чувството на вашето тело. Вежбањето внимателност на јога мат може да помогне и кога станува збор за практикување внимателни навики за јадење. Внимателно јадење значи препознавање знаци на глад и ограничување на прејадувањето.

Јогата може да ви помогне да управувате со стресот

Постојат многу начини на кои стресот може да придонесе за зголемување на телесната тежина – особено неконтролиран хроничен стрес. Јогата може да помогне да се намали нивото на хроничен стрес. Дишењето и медитацијата се темелите на јогата. И двете придонесуваат за зголемена енергија, подобрување на расположението и намалување на нивото на стрес.

Длабокото дишење помага да се отстрани стресот и да се отстранат некои од овие негативни ефекти кои можат да го отежнат губењето тежина.

Јогата помага во градење мускули

Градењето мускулна маса е уште еден начин на кој јогата помага при губење на тежината и одржување на тежината. За време на јога вежбите, ја користиме сопствената телесна тежина како форма на отпор. Целото тело работи за да ве одржува балансирани за да го направите тренингот.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma