Прекрасната блескава кожа и бисерните хромирани нокти сега се споени со ултра сјајна и елегантна мазна коса која може да се обликува во секоја фризура.
Глазирана кожа, глазирани нокти, а сега глазирана коса? Се чини дека трендот „глазура како на крофна“, кој става блескав сјај во преден план, стигна и до фризерските салони. Водачот на глазираниот тренд, Хејли Бибер, веќе проба глазирана коса, како и неколку други холивудски ѕвезди.
Тоа е гламурозна алтернатива на опуштените бранови што ги гледаме секое лето и е многу блиску до трендовите кои се потпираат на покажување на луксузната димензија на косата и нејзиниот здрав и сјаен изглед. Стаклената или глазирана коса одлично ќе функционира и стилизирана во ниска пунџа, како и шик боб или едноставно пуштена. Сјајната коса не е ништо ново во светот на убавината, но ова лето ќе се фокусираме на осветлена коса полна со сјај.
Една Тиктокерка откри каков магичен производ можеме да го користиме за да постигнеме долготрајн сјај на косата, како и мазност на секоја прамен, а ние сме сигурни дека ќе го најдете вашиот омилен.
@lauren.amarauk Glazed doughnut hair!! Think shiny, healthy, glossy, hydrated hair!! 😏 ✨ #glazeddoughnuthair #glazeddonutnails #shinyhair #frizz #hairtok