Ако имате акни или мозолчиња, вашето лице повремено добива црвенила и дамки, веројатно правите грешки како не миење раце пред да го исчистите лицето.
Многу жени се соочуваат со полоша кожа на лицето, иако мислат дека прават се што треба за да ја одржат убава, чиста и мека.
Меѓутоа, ако проблемот со вашето лице не е од хормонална природа, односно резултат на хормонална нерамнотежа, сосема е можно да ги правите овие 5 грешки:
- Погрешна температура на водата – млаката е идеална
- Допирање и чистење на лицето со валкани раце – задолжително прво измијте ги
- Избор на погрешен производ за вашиот тип кожа
- Пречесто чистење на лицето – доволно е еднаш дневно, по можност пред спиење
- Користење на груб или веќе користен пешкир – подобро е да користите хартиени марамчиња за еднократна употреба
Ако се прашувате што всушност добивате од правилното чистење на лицето, еве го одговорот:
- Го поттикнувате обновувањето на кожата – со отстранување на мртвите клетки, дозволувате да се појават нови, давајќи му свежина на вашето лице.
- Ги отпушувате порите – со чистење на лицето и порите, дозволувате вашата кожа да дише
- Производството на себум се контролира со чистење, со што всушност се спречува создавањето на прекумерна маснотија.