Мислите дека сте во среќен брак или врска? Само ако ги правите овие седум работи секој ден!

popara20 јуни, 20231min00
62569843-chandler-i-monica

Љубовта е неопходна „состојка“ на секоја успешна врска или брак, но има и други работи кои гарантираат дека вашата врска или брак ќе трае. Дали знаете што прават луѓето во добри бракови секој ден?

1. Се почитуваат еден со друг

Почитувањето на индивидуалните желби и потреби на вашиот партнер е важен дел од градењето стабилна врска која ќе трае. Не треба да споделувате исти интереси или да го поминувате целото слободно време заедно, но дефинитивно треба да имате разбирање кога другата страна сака да ја изрази својата личност.

2. Прават компромиси

Не можете да добиете се во животот или да ја задоволите секоја желба на партнерот. Но, ако сте спремни за компромис, секој потенцијален конфликт ќе го решите со доброволен договор кој ќе биде од корист за двете страни.

3. Разговараат искрено

Паровите во успешни бракови зборуваат за се на искрен начин. Тие немаат големи тајни и за секој проблем разговараат со отворени срца.

4. Не ги кријат трошоците

Во добар брак нема мои и твои пари. Дури и кога немаат заедничка банкарска сметка, сопружниците отворено разговараат за трошење на средствата со кои располагаат.

5. Го поттикнуваат партнерот да усвои здрави навики

Здравиот ум живее во здраво тело. Токму затоа партнерите во добри врски и бракови се поттикнуваат меѓусебно да водат здрав живот – од јадење подобра храна, до редовно вежбање и престој на чист воздух. Тие се грижат и за менталното здравје на партнерот.

6. Се допираат

Допирот е важна компонента на секоја успешна врска или брак. Не мислиме само на допирање во сексуален контекст, туку и на мали гестови како што се држење за раце, галење коса, масажа на рамениците и слични гестови за кои е докажано дека ја зајакнуваат интимноста меѓу партнерите.

7. Размислуваат долгорочно

Животот е полн со непредвидливи ситуации, но тоа не значи дека се откажуваме од плановите. Паровите во квалитетна врска и брак планираат се – од одмор, купување недвижен имот или автомобил, дете. Тие се обврзуваат на поддршка и соживот еден на друг, а тоа со себе носи мноштво долгорочни планови кои заедно ќе се обидат да ги реализираат.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag