КОРАТА ОД КРАСТАВИЦАТА е корисна во исхраната, хранлива е, а исто така ефикасно отстранува одредени дамки.
Голем дел од она што ја прави краставицата хранлива се наоѓа во кората. Една голема, неизлупена краставица содржи 62 проценти од дневниот препорачан внес на витамин К. Тој е потребен за активирање на некои протеини вклучени во процесите на згрутчување на крвта, а и нејзината улога во метаболизмот на коските и другите ткива не е занемарлива.
Исто така, голема неизлупена краставица содржи 6% од дневната вредност на витаминот А и 14% од дневната вредност на витаминот Ц, што всушност значи дека е одличен сојузник за одржување на здрав имунолошки систем.
Од неа можете да добиете и дневна доза на витамини од групата Б, како и тиамин, рибофлавин, Б6 итн. Тие го снабдуваат телото со енергија потребна за функционирање на срцето, мозокот…
Кората од краставица е добра и за исхрана, но мора да се погрижите да биде добро измиена.
Доколку, сепак, преферирате излупени краставици, треба да знаете дека кората не мора да ја фрлате, туку можете да ја измешате рендана со сирење, сенф, друг зеленчук…
Дополнително, трикот со кора од краставица ќе биде одличен доколку имате деца, па треба да ја отстраните трагата од боички од ѕидот, или маркери, фломастери… Се што треба е да ја истриете надворешната страна на кората на исчкртаната површина.