Топ 4 здравствени придобивки од урмите: Слатко овошје кое многумина го занемаруваат

popara21 јуни, 20231min00
dates-33383681920-830x0

Кога зборуваме за најздравото овошје, урмите секогаш се на листата. Многу луѓе го користат ова овошје како природен засладувач, а често го додаваат во смути и колачи.

Урмите се сметаат за вистинска ризница на витамини, одлични се и за возрасни и за деца, а ги препорачуваат и експертите поради нивното влијание врз здравјето.

Тие се добар извор на енергија, шеќер и растителни влакна. Содржат есенцијални минерали, витамини како што се тиамин, рибофлавин, ниацин, фолати, витамин А и витамин К.

Според „BBCgoodfood“, ова се првите четири здравствени придобивки од урмите.

  1. Богати се со антиоксиданси

Урмите се богат извор на заштитни растителни соединенија кои имаат антиоксидантни својства. Тоа ги вклучува полифенолите, каротеноидите и лигнаните, за кои е докажано дека помагаат во лекувањето на хроничните болести.

  1. Добри се за цревата и варењето

Три урми обезбедуваат околу 18 проценти од дневната потреба за влакна, кои ја поддржуваат добрата дигестивна функција. Една мала студија од 2015 година покажала дека урмите може да ги намалат шансите за рак на дебелото црево благодарение на нивната висока содржина на влакна и полифеноли, кои исто така имаат корисни антимикробни придобивки.

  1. Ги зајакнуваат коските

Урмите се извор на минерали кои се добри за коските. Тие содржат селен, манган, бакар и магнезиум, а овие минерали се многу важни за здрав развој и цврстина на коските, особено кај постарите лица бидејќи нивните коски слабеат.

  1. Одлични се за трудници

Вклучувањето на урмите во исхраната во последните неколку недели од бременоста може да го поттикне проширувањето на грлото на матката. Се верува дека соединенијата во урмите ги имитираат ефектите на окситоцинот, хормон кој игра клучна улога во процесот на породување.

 

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag