Ова овошје му дава енергија на Новак Ѓоковиќ: Најчесто го јаде за време на натпревари

popara22 јуни, 20231min00
1686506350021-novak-djokovic-5-830x0

Диетата на Новак Ѓоковиќ со години е една од главните теми. Јавноста постојано повторуваше дека најдобриот тенисер на светот не јаде храна од животинско потекло и дека многу внимава што внесува во своето тело.

За победите кои ги нижи се заслужни работата и трудот, но и неговата исхрана која му овозможува да биде полн со енергија.

Неодамна влезе во историјата со 23 освоени Грен слем трофеи, а за време на прес-конференција зборуваше за нервозата на теренот, а се осврна и на храната што ја јаде за време на паузите за натпревари.

– Банани, урми и вода, навистина не ми е јасно, секој натпревар е ист, се договараме, а тие уште не разбираат. Ми носат јаболко. Какво јаболко, човеку. Потоа наоѓам круша, без урми. Па, ми носат магнети, па секакви работи – рече Новак на прес-конференцијата.

Урмите имаат многу здравствени придобивки и, покрај изобилството на витамини и минерали, тие се богати со антиоксиданси, го поддржуваат здравјето на дигестивниот систем, го штитат мозокот и срцето и го зголемуваат нивото на енергија и кондиција.

Кога станува збор за бананите, тие содржат три природни шеќери – сахароза, фруктоза и гликоза и во комбинација со влакна се совршени за моментално зголемување на енергијата.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma