Направете го сами омилениот летен коктел дома: Уживајте како да сте во бар на плажа

popara22 јуни, 20231min00
shutterstock1081670585-830x0

Најубавиот летен коктел за пријатно попладне или почеток на вечерта

Од скромните почетоци во малите барови низ северна Италија, ритуалот на пиење Аперол се рашири низ континентите, а луѓето ширум светот се поврзуваат преку љубовта да уживаат во овој коктел, кој дефинитивно е омилен во Италија.

Лесен, освежителен со уникатен горко-сладок вкус, „Aperol Spritz“ е совршен пијалок за средината на денот, за уживање со друштво после работа или за почеток на вечерта. Рецептот и процесот се едноставни, се за што треба да се погрижите е да си обезбедите добро друштво и добро расположение.

Состојки:

Многу мраз

Аперол

Просеко

Кисела вода

Портокал

Подготовка:

Прво ставете полна мерка Аперол, во чаша за вино.

Додадете мраз до врвот на чашата, да се наполни.

После тоа доаѓа просекот0 (околу 75 мл), а потоа киселата вода која ја истурате додека речиси не ја наполните чашата.

Промешајте да се соедините сè, а коктелот е подготвен за последниот детал – парче портокал.

Уживајте!

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma