СЕЛИН ДИОН ЕДВАЈ СЕ ДВИЖИ Популарната пејачка мора да се пресели поради влошената здравствена состојба

popara23 јуни, 20231min00
719470_6851064_f

Специфичната болест од која боледува популарната пејачка Селин Дион, СПС, односно синдром на вкочанета личност, во нејзиниот случај зема се поголем замав.

По целосното повлекување од сцената, Селин во неколку наврати јавно проговори за својата состојба, но се чини дека се состојбата и се влошува.

Имено, пејачката сега одлучила да ја продаде куќата во Лас Вегас во која живееше досега, бидејќи се сели во Канада.

Пејачката поради болеста морала да донесе вакви радикални одлуки, за да биде поблиску до семејството, пишуваат странските медиуми.

– Болките се страшни. Ги има најдобрите лекари околу себе, но не и е добро – изјавил изворот за „Радар“ и додал дека нема лек за болеста од која боледува и дека колку и да се труди работите не се подобруваат.

– Искрено, едвај се движи… А во Канада има единаесет браќа и сестри кои ја сакаат и ја поддржуваат, особено сега, кога е криза – нагласи тој.

Во оваа куќа пејачката поминала повеќе од 15 години, а вредноста на имотот се проценува на 30 милиони долари.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag