Како засекогаш да се ослободите од мувите, комарците и инсектите?
Ако и вие спаѓате во онаа група на луѓе кои се трудат секогаш да ги затвораат прозорците и вратите затоа што е доволна секунда за да долета некоја „досада“, тогаш треба да знаете како засекогаш да се ослободите од инсектите. Многу луѓе мислат дека генералното чистење е вистинското решение, но мувите, комарците и мравките демнеат од секој агол.
Мравките се дефинитивно најупорни, можат да се појават на необични места, а најлошото нешто што може да се случи е да ги најдете во голем број на некоја храна. Постојат различни средства кои ќе ги отстранат, но доколку ги немате при рака, постои трик кој го открила Софи Хинчлајф, попозната како г-ѓа Хинч. Таа се здоби со голема популарност благодарение на советите за чистење и уредување на домот што ги споделува на социјалните мрежи.
Таа истакна дека сè што е потребно за колонијата на мравки е средство кое речиси секоја куќа го има во шкафчето во бањата. Станува збор за пудра во прав или попопуларно кажано, талк пудра. Тоа е алатка која се користи за ублажување на иритација кај децата. Прашокот го става на местата каде што влегуваат мравките во станот и вели дека со години е мирна бидејќи мравките не ја опседнуваат.
Голем број нејзини следбеници веќе го практикуваат овој трик, па во коментарите се согласија дека талкот е најдоброто решение. Според нив, најдобро е да го ставите на влезните врати и ивиците од прозорите бидејќи тоа се најчестите места низ кои се прикрадуваат во вашиот дом.