Фронтменот на „Ролинг Стоунс“, Мик Џегер неодамна присуствуваше на традиционалната забава на балетската куќа „American Ballet Theatre“.
На црвениот тепих Мик Џегер беше придружуван од неговата 44 години помлада девојка Мелани Хемрик, која за таа прилика понесе едноставна тоалета. Црвениот фустан од тул одлично и прилегаше, а целиот изглед го заокружи со едноставна шминка и фризура.
Да се потсетиме дека Мик и неговата избраничка Мелани Хемрик се запознаа во 2014 година. Мелани се бавеше со балет до 2019 година, а потоа реши да се пензионира за да се посвети на синот и семејството, пишува „Hollywood Life“.
Сепак, нивниот живот не е семејна идила…
Пријателите на музичарот своевремено открија за странските медиуми дека балерината и легендарниот фронтмен се во отворена врска и дека тоа значи дека Мик може да гледа и други жени.
Во меѓувреме, Мик беше и со младата продуцентка Нор Алфалах, кој го придружуваше на неговите концерти низ светот. Иако идејата за отворена врска му била примамлива на Џегер, тој во еден момент решил да „раскрсти“ со тоа, за да им се посвети на својата девојка и синот.