Откако беше споделена на социјалната мрежа, оваа објава го освои интернетот.
Една мајка открила што да прави со детските или овошните јогурти на кои им истекува рокот и тоа би можело да биде доста корисно, особено за летото што претстои, пишува „The Sun“.
Според Лора Потл, која го сподели рецептот на Фејсбук, овој трик е совршен начин да се искористат сите оние канчиња со јогурт на кои им истекува рокот. Одговорот, како што откри таа во популарната група „Extreme Couponing and Bargains UK“, е едноставен – ставете ги во замрзнувач. Во објавата таа напиша: „Ви истекува рокот на јогуртите? Не ги фрлајте – ставете ги со стапчиња за лижавче во замрзнувач! Само погрижете се да користите обични стапчиња од лижавчиња. Ова е спас за летото!“
Според „taste.com.au“, иако можете да замрзнете јогурт, треба да знаете и дека неговата текстура ќе се промени. Тие објаснија дека оние кои сакаат слатко може да откријат дека јогуртот станал поредок и помалку кремаст. Лаура сподели и видео од нејзиното дете како ужива во замрзнат десерт, пренесува Вечерњи лист.
Откако беше споделена на социјалната мрежа, објавата веќе го освои интернетот. Во коментарите, корисниците масовно ја пофалија мајката за генијалната идеја. Еден корисник сподели трик како да спречите леплив хаос додека уживате во замрзнат јогурт. „За да не капат лижавчињата користиме хартиени калапи за мафини.“ „Одлична идеја!! Ви благодариме за споделувањето“, гласеа коментарите. “Генијално! Ви благодарам“, додаде трет родител.