Паеља е едно од најпознатите јадења од шпанската кујна, кое често се нарекува нивно национално јадење.
Легендата вели дека настанала во пред минатиот век, некаде во близина на областа Валенсија, и затоа денес рецептот за паеља од овој град е најпознат.
Се прави на база на ориз, но е придружен со разни додатоци како зеленчук, месо или морска храна.
СОСТОЈКИ:
Ориз – околу 500 грама
Моркови – 4 парчиња
Боранија – околу 250 грама
Кромид – две главици
Грашок – околу 150 – до 200 грама
Маслиново масло
Сол
Бибер
ПОДГОТОВКА:
Прво исчистете го оризот, па испржете го на тивок оган. Потоа на маслиново масло пропржете ситно сечкан кромид и морков, па додадете го оризот.
Откако ќе ги обарите малку боранијата и грашокот, измешајте ги со оризот, кромидот и морковот и малку од водата.
Добиената смеса истурете ја во огноотпорен сад и печете во рерна 15 до 20 минути на околу 200 степени.