СЕ ТОПАТ ВО УСТА! Мини пици со колбаси и кашкавал ќе ги воодушеват сите во домот – спремни за ПОМАЛКУ ОД 10 МИНУТИ

popara25 јуни, 20231min00
720431_mini-pice_f

Малку кашкавал, колбас, лиснато тесто, пиперка и уште неколку состојки ќе бидат доволни за да ги направите овие одлични мини пици.

Многумина се љубители на мини пиците, особено за појадок. Дури и кога се прават вака брзо и лесно, нема грешка.

Состојки:

пакување лиснато тесто

пиперка бабура

мала конзерва доматна паста

три лажици кечап

150 гр гауда

100 гр колбас (или кое било друго месо по ваш избор)

малку оригано

мелен бибер

Подготовка:

Одмрзнете го лиснатото тесто на собна температура. Работната површина посипете ја со брашно, одозгора ставете го одмрзнатото тесто, па со сукало тенко развлечете го. Со калап или чаша извадете кругови и наредете ги на тава обложена со хартија за печење. Секој круг избоцкајте го со вилушка на неколку места. Отворете ја доматната паста и измешајте ја со кечапот, а потоа премачкајте го тестото со добиената смеса. Одозгора наредете рендана гауда, колбас (или друго месо), пиперка и оригано, па печете во рерна на 240 степени околу седум до осум минути.

Пријатно!

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag