Акварел ноктите ги полудеа инфлуенсерките: Овој ефектен маникир ќе биде водечки тренд ова лето

popara25 јуни, 20231min00
1747_nokti-2_f

Резултатот потсетува на импресионистичките слики на Моне

Летото со себе ја носи потребата да внесеме пастелни нијанси во секојдневниот живот и да ги оставиме здодевните бои зад себе. Секако, истото важи и за маникирот, па нов забавен тренд доаѓа до израз. Акварел ноктите собраа повеќе од 16 милиони прегледи на „TikTok“ и се совршени за летната сезона.

Што всушност се акварел нокти? Како што открива името, овој конкретен маникир сака резултатот да личи на цртеж со акварел и суптилни транзиции на бои.

Естетиката има свои корени во светот на ликовната уметност и поточно позајмува малку од импресионистичките слики на Моне, а можеби и ве потсетува на „tie-dye“ принтот од 1970-тите.

За летна верзија на маникир треба да користите нежни, пастелни нијанси, како розова, јоргован, зелена и жолта. Правењето на овој маникир е релативно лесно, особено ако сакате да експериментирате со дизајнот на ноктите, бидејќи лаковите можете да ги нанесете само со четка или сунѓерче.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma