НИШТО НЕ ДАВА СВЕЖИНА КАКО ОВА ПРИРОДНО МАСЛО: А дури кога ЌЕ ГО НАПРАВИТЕ НЕГОВИОТ СПРЕЈ, ќе имате ЧИСТА ПОСТЕЛНИНА со денови

popara25 јуни, 20231min00
1365649_s_ls

Маслото и спрејот од лаванда имаат повеќекратна употреба во домот, а ова е најлесниот начин да ги направите

Мирисот на лаванда е најпопуларен во домаќинствата. Релаксира и дава свежина како ниеден друг, а одличната вест е што можете сами да си направите есенцијално масло од лаванда дома, како и природен спреј за освежување на постелнината!

Етерично масло од лаванда

Маслото од лаванда е најраспространето и едно од најчесто користените есенцијални масла. Маслото од лаванда има мирис кој смирува, релаксира и носи физичка и емоционална рамнотежа. Овој природен препарат се добива главно од цветот на растението преку процесот на дестилација со пареа. Традиционално, есенцијалното масло од лаванда се користи со векови. Се користи и во производството на парфеми. Многу е важно во ароматерапијата и многу ароматични препарати и комбинации се прават токму со користење на масло од лаванда.

Состојки:

  • 200 мл екстра девствено маслиново масло
  • грст свежи или сушени цветови од лаванда (може да се најдат во билните аптеки)

Подготовка:

Наполнете тегла со средна големина до половина со цветови од лаванда. Истурете го маслото во теглата врз цветовите за да се наполнат 2/3 од теглата. Измешајте и оставете полупокриено две недели на топло сончево место. Во овој период, смесата мешајте ја секој ден. После тоа, процедете го маслото низ погуста газа. Притиснете ги цвеќињата за да ослободите повеќе лековити состојки и мирис. (Доколку сакате појака арома оставете ги цветовите подолго во маслото). Ставете го маслото во темно стаклено шише и чувајте го на суво и темно место.

Спреј за освежување од лаванда:

Состојки:

  • 250 мл дестилирана вода
  • неколку капки етерично масло од лаванда
  • неколку капки масло од лаванда што веќе сме го подготвиле
  • неколку капки масло од пеперминт
  • малку свеж рузмарин
  • шише со распрскувач

Ulje lavande, Lavanda

Подготовка:

Оставете ја водата да зоврие, а потоа додадете го етеричното масло и добро измешајте. Почекајте да се излади, додадете го претходно подготвеното масло од лаванда и маслото од нане. Добро измешајте и истурете во шише со распрскувач во кое претходно сте додале рузмарин. Чувајте го вашиот освежителен спреј подалеку од директна сончева светлина.

Уживајте во омилените ароми!

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag