
Не очајувајте ако немате клима во куќата, бидејќи постојат три евтини трикови како да ја разладите просторијата со моќта на вентилаторот.
Тоа се прави и со едноставни методи кои не чинат речиси ништо, а температурата во просторијата ќе стане многу поудобна за живот преку лето.
Еве три фантастични начини да го претворите вентилаторот во клима уред:
Користење на коцки мраз
Ставете широк, плиток сад пред вентилаторот и наполнете го со коцки мраз.
Како што вентилаторот дува на мразот, низ просторијата ќе се шири постуден воздух. Ова ќе потрае додека мразот не се стопи, а потоа само додадете нов.
Ледената вода исто така помага
Слично е на првиот пример, но наместо коцки мраз, ставете пластични шишиња кои претходно сте ги наполниле со вода и сте ги замрзнале. Овој метод е уште подобар бидејќи вклучува големи парчиња мраз кои ќе се топат побавно од коцките.
Завиткајте го мразот во крпа
Со овој метод на ладење на просторијата, можете да користите или коцки мраз или замрзната вода во шишиња. Завиткајте го едното или другото во крпа, врзете ги двата краја и закачете ги помеѓу две столчиња. Ставете го пред вентилаторот. Ставете сад под пешкирот во кој ќе капе стопениот мраз.