Амбер Херд повторно на црвениот тепих: Актерката се дружеше со обожавателите

popara26 јуни, 20231min00
o_29552803_1280

Во центарот на вниманието и со насмевка на лицето.

По нешто повеќе од една година, Амбер Херд повторно прошета на црвениот тепих и беше прилично добро расположена. Актерката позната по улогата во филмот „Аквамен“ присуствуваше на светската премиера на нејзиниот најнов проект „In the Fire“ на филмскиот фестивал во Таормина во Италија. Тоа го означи нејзиното враќање на црвениот тепих откако нејзиното телевизиско судење со Џони Деп заврши пред нешто повеќе од една година.

Херд носеше црн фустан со плашт во комбинација со сандали на платформа и ја стилизираше својата долга руса коса во елегантни кадрици додека се смешкаше на тепихот, поточно тиркизниот тепих, со колегите Лука Калвани, Едуардо Нориеге и Јари Гуглиучи, режисерот Конор Алин, како и актерот Вилијам „Били“ Болдвин, кој дојде на фестивалот да ја промовира анимираната комедија „Billie‘s Magic World“.

image

Меѓу другото, Херд правеше селфи со фановите и даваше автограми.

Во „In the Fire“, актерката глуми доктор кој патува во оддалечена плантажа во 1890-тите за да лекува момче со необјаснети способности за кое локалниот свештеник верува дека е опседнато. Филмот, кој сè уште нема датум на прикажување, е последниот актерски проект на Херд и е снимен во Италија на почетокот на 2022 година, неколку месеци пред да започне судењето со Деп во април истата година. Таа, исто така, ќе ја повтори улогата на Мера во претстојното продолжение на „Аквамен“, кое е снимено во 2021 година, а треба да излезе на 20-ти декември.

image

По завршувањето на судењето, Херд главно се држеше далеку од очите на јавноста. Сепак, минатиот мај таа можеше да се забележи Мадрид. Зборувајќи на шпански, постојано им кажувала на локалните папараци дека сака да живее во Шпанија.

Да се потсетиме, судењето заврши со победа на Деп. Деп ја тужеше Херд за 50 милиони долари, а поротата утврди дека актерката е одговорна за клеветење на актерот.