Што да направите кога ќе го изгубите багажот и совети како да го спречите тоа

popara26 јуни, 20231min00
koferi-830x0

Ова е најлошиот дел од патувањето, но постои начин да се спречи

Речиси на секој од нас му се случило да се врати дома со се што сме планирале – освен багажот. И навистина може да ни ги искине нервите, но не е крај на светот. Еве неколку совети како да спречите вашата гардероба и остатокот од вашите работи да го продолжат патувањето без вас.

Како да избегнете губење на багажот?

  1. Можеби е тешко, но сигурно нема да ги изгубите вашите работи ако ги носите со себе. Земете чанти или ранци, во зависност од видот на патувањето и носете ги со себе. Така ќе ви бидат во видното поле, можеби не ако е ранец, но ќе ви остане на грб што е доволно, предлага „Tripsavvy.com“.

Спакувајте го само она што ви треба во торбите и бидете реални, а доколку патувате со авион, проверете ја дозволената количина и тежина на багажот.

  1. Обележете го вашиот багаж

Можеби овој детал не им значи многу на луѓето кои го бараат вашиот багаж, но секако ќе ви олесни да ја препознаете вашата торба кога ќе дојде време. Ако немате преграда однадвор за налепница, како што имаат некои куфери, можете да добиете етикета на аеродромот каде што можете да се потпишете и да го означите вашиот багаж. Ако и тоа исчезне, означете ја и внатрешноста. Предлагаме да имате нешто што го издвојува вашиот куфер од другите.

  1. Сликата зборува повеќе од 1000 зборови

Оваа реченица кажува се. Затоа, пред да се збогувате со вашиот багаж кога го предавате на возачот или на аеродром, најдобро е да го фотографирате. Направете кратка фотосесија, каде ќе имате убава слика како тој изгледа од сите страни. Така, дури и мал детал како гребнатинка ќе направи многу разлика.

Што да направите кога ќе го изгубите багажот?

Доколку се случи вашата торба или куфер на аеродромот да не се појават на лентата за багаж, веднаш контактирајте го блискиот сектор за исгубени работи.

Пополнете го формуларот што ви го даваат и прикачете слика од куферот или торбата за да им го олесните пребарувањето. Доколку сепак не се врати во рокот што ви го кажале, известете ја полицијата бидејќи најверојатно е украден.