КАФЕ НА СТАПЧЕ! Одличен освежителен десерт, на кој со задоволство ќе му се враќате, особено во топлите летни денови

popara26 јуни, 20231min00
720708_kafa_f

Малку инстант кафе, бадемово млеко, мед и уште неколку состојки ќе бидат доволни за ова одлично уживање.

Доколку сте љубители на домашен сладолед, особено ќе ви се допадне овој со вкус на кафе.

Состојки:

три или четири лажици инстант кафе

500 мл вода

200 мл бадемово млеко

100 мл слатка павлака

две лажици мед

Подготовка:

Измешајте ги кафето со водата, па ставете го во фрижидер да се излади. Потоа додадете го бадемовото млеко, слатката павлака и медот, кратко изматете со миксер и истурете во калапи за сладолед на стапче. Ставете во замрзнувач да се излади и стегне, па послужете.