Новото лето секогаш со себе носи нови трендови за маникир. Некои од нив ги прифаќаме ентузијастично и остануваат неколку сезони, додека други ги забораваме многу брзо.
Експертите напоменуваат дека летово се носат сите бои, форми и мотиви, а најважно е нашиот карактер да се рефлектира преку ноктите. Овошните мотиви се едни од најпопуларните во текот на летните месеци, а кралицата на летото – лубеницата, за многумина е првиот избор кога ќе дојдат топлите летни денови.
При украсувањето на ноктите оваа сезона, главното правило е дека нема правила, а разиграните и шарени мотиви одлично ќе се вклопат во летниот изглед кој се карактеризира со лелеави фустани, исончана кожа и посветла боја на коса.
Омиленото овошје е еден од симболите на летото, а на ноктите изгледа навистина тренди. Од едноставни примери, до варијанти со мали детали и секогаш популарниот француски маникир, до повпечатливи маникир во кои целиот нокт е обоен во нијанси на лубеница – социјалните мрежи веќе се преполни со идеи во кои сигурно ќе се пронајдете.
Зелената, црвената и розовата се главните бои за реализација на овој ефикасен маникир, а за некои од нив воопшто не мора да одите во салон.
Доколку сте љубители на споменатите летни бои, погледнете ја галеријата и инспирирајте се од нашите предлози за нокти со мотив од лубеница.