Ако ви е преку глава од оштетена коса и расцветани врвови, сигурно не сте сами. Многу дами се борат со поделени врвови, а она што е важно да се знае е дека, слично како и негата на кожата, превенцијата е клучна за расцветаните врвови.
Посебно е важно ако ја третирате косата со топлински уреди, кои се меѓу водечките причини за оштетување на косата.
Откако ќе забележиме расцветани краеви, тешко е да ги игнорираме. Се разбира, тие не се ништо необично. Тие се создаваат како резултат на трошење на косата со текот на времето, а нивното создавање е под влијание и на елементи од околината како што се времето, сончевата светлина, водата…
Во секој случај, тоа е нормална појава за која, за среќа, експертите имаат методи како да ја спречат.
Секако, првиот совет од експертите е редовно шишање, по можност барем еднаш на секои осум недели.
Сепак, овој пат ќе се фокусираме на чекорот за миење на косата кој помага да се спречи оштетувањето.
Експертите советуваат да ја измиете косата со поладна вода од вообичаеното. Имено, топлата вода влијае на кутикулата на косата и доведува до повеќе расцветани врвови.
Затоа наместо да користите супер топла вода, измијте ја косата со млака вода додека ја шампонирате и нанесувате регенератор и исплакнете ја со што е можно поладна вода за да се затвори кутикулата, односно површинскиот слој на косата.
И тоа е тоа. Тоа е многу едноставен и ефективен чекор кој не чини ништо, а вашата коса ќе ви се заблагодари за тоа.
Еве уште неколку совети од експерти за борба против расцветани врвови:
– Кога косата е влажна, таа е најранлива. Затоа ограничете го тегнењето на косата додека е мокра.
– Избегнувајте да спиете со мокра коса.
– Обрнете внимание на производите, алатките и додатоците што ги користите, особено на четките и крпите.
– Минимизирајте ја изложеноста на топлина и оставете ја сама да се исуши секогаш кога е можно.