Иако велат дека во модата се е дозволено, стилистката Даун Дел Русо ги истакнува грешките што повеќето од нас ги прават поради кои изгледаме неуредно.
Џемпер или кошула во панталоните
Најчесто во панталоните ја ставаме кошулата или тенката блуза со цел визуелно да додадеме неколку сантиметри висина. Сепак, може да се случи да додадеме некој несакан сантиметар во половината. Затоа стилистката ве советува во тие ситуации секогаш да носите каиш.
„Што се однесува до блузите, советувам да ја вовлечете најмногу одзади, во тој случај предниот дел ќе изгледа уредно“, вели Дел Русо.
„Внимателно носете ги кошулите, инаку може да изгледате несоодветно и непрофесионално ако сте на состанок“, додава.
Комбинација на широки панталони со рамни чевли
“Често грешиме кога носиме рамни чевли со широки ногавици, бидејќи се изгледа неуредно. Нозете изгледаат пократки, особено ако панталоните се предолги”, вели стилистката и предлага сандали со платформа.
Размислете за пропорциите
Иако најважно е да го носите она во што се чувствувате добро, сепак треба да внимавате се заедно да не е премногу широко.
“Размислете за пропорциите – не комбинирајте тесно со тесно. Ако горниот дел е тесен, долниот дел треба да биде широк и обратно”, вели Дел Русо.