Ако сте граделе блискост со вашиот партнер цело време, но чувствувате дека врската не оди во насоката кон која сте се надевале, овие знаци може да укажат на „тивко напуштање“ на врската, познато како „дампинг“.
Тивкото одбивање во врската може да започне со сознанието дека сте во врска со некој кој е незаинтересиран и не вложува никаков труд во вашата врска, а најмалку ви носи радост. Здравиот пристап во врската значи дека таквиот партнер зазема став и се соочува со проблемот. Меѓутоа, наместо тоа, тој претпочита да заземе попасивен пристап, очекувајќи од вас да раскинете бидејќи не може да ја почне темата. Тивкото отфрлање може да се манифестира на различни начини и понекогаш е тешко да се протолкува.
Според „Psychology Today“, ова се некои од најочигледните знаци дека некој сака да ве остави.
Намалена емоционална достапност: Ако забележите дека вашиот партнер станува помалку емотивен и не може да ги пренесе своите чувства, многу е веројатно дека тој се обидува да остане резервиран. Ова се рефлектира како намалено реагирање на емоционалните потреби и сигнали на својот партнер, оставајќи го вознемирен и збунет од целата ситуација.
Избегнување разрешување на конфликтите: Мажите често избегнуваат вакви ситуации оправдувајќи се со напорни и тешки теми кои не можат да ги следат, додека жените се секогаш „расположени за кавга“. Сепак, факт е дека ова повлекување од различни конфронтации или избегнување на водење на тешки, но значајни дискусии придонесува за растечката поделба во врската.
Недостаток на напор во одржувањето на врската: Многу луѓе ги земаат врските „здраво за готово“ и мислат дека ќе егзистираат сами од себе, што е сосема погрешно. Секоја врска се негува и се работи за да опстане и да биде подобра. Намалената подготвеност да се вложи енергија, време и желба во негувањето на врската доведува до уништување на односот.
Охрабрете ја отворената комуникација: Отворената комуникација е камен-темелник на секоја врска и треба да игра важна улога во конфликтите. Директната конфронтација е корисна кога се справуваме со сериозни проблеми, но кооперативната комуникација со наклонетост е корисна кога ситуациите се помалку тешки, а промената е малку веројатна, покажало едно истражување. Стимулирајте го разговорот со активно слушање, покажување емпатија. Добриот разговор од срце до срце може да воспостави доверба и да ги реши основните проблеми.
Повторно вклучете се во „ритуалите на врската“: Доколку не сте ги следеле редовните ритуали што ги имате со партнерот, можеби е време повторно да ги воведете. Редовното излегување, јадењето оброци заедно или вклучувањето во активности кои се важни за вас двајцата може да се спротивстави на тивкото одбивање.
Негувајте благодарност: Една студија ја нагласува важноста на благодарноста во одржувањето на врските на долг рок. Луѓето кои се ценети од своите партнери имаат поголема веројатност да кажат дека и тие повеќе ги ценат партнерите. Исто така, луѓето кои повеќе ги ценат своите партнери, повеќе одговараат на нивните потреби и се попосветени и со поголема веројатност да останат во врската со текот на времето. Овие резултати даваат доказ дека благодарноста е исклучително важна за успешно одржување на интимните односи. Позитивната и негувачка средина може да обезбеди основа за враќање на вашата врска на вистинскиот пат.