Како да се нашминкате ако имате смеѓа коса? Една боја треба особено да ја избегнувате

popara27 јуни, 20231min00
7619ae7eff8408c49d22591c945725edad5508e6

Можеме да ја прилагодиме и шминката на бојата на косата

Шминката помага да се сокријат несовршеностите на кожата, како и да се истакнат најатрактивните црти на женското лице.

Придонесува за младешки изглед и го камуфлира заморот, но може да има и спротивен ефект доколку не ги изберете вистинските бои.

Експертите велат дека за жените со смеѓа коса најдобро е да се изберат нијанси на теракота или вишна. Светло розовите тонови може да го направат лицето бледо и безживотно. Ако користите течна подлога, најдобро е да ја тестирате на дневна светлина на пределот помеѓу брадата и долниот дел на образите.

Розовата боја треба да се избегнува на образите, како и на усните. Ако користите бронзер, погрижете се да не претерате, бидејќи тоа дополнително ќе ги нагласи несовршеностите на кожата.

Ако имате сини очи, не брзајте со сините сенки. Подобро е да ги истакнете со темно кафеава или смарагдно зелена сенка. За зелените очи се препорачуваат виолетови и кафени нијанси.

За убавиците со смеѓа коса и очи, најдобар избор се сенките во боја на црвено вино или темно зелените. Темно сината или црната маскара ќе го комплетираат вашиот изглед.

Како и секогаш, советот е да не експериментирате со шминка во деновите кога имате важен настан. Не само што можете да изгубите многу време на неуспешна шминка, туку можна е и алергиска реакција на претходно некористени производи.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag