Додека Том Круз нема среќа во љубовта, Никол Кидман прославува годишнина од бракот: 17 години љубов, страст и поддршка

popara28 јуни, 20231min00
db72f123074e7c4dc5661badf48f918077b3eb54

Никол и Кит Урбан прославуваат уште една година од свадбените завети. Оскаровката (56) прослави 17 години брак со Кит (55), споделувајќи црно-бела фотографија на Инстаграм.
На сликата се гледа интимен момент на овој пар, наведнати еден кон друг, елегантно облечени, додека Кидман нежно го држи лицето на својот сопруг.

– Среќна годишнина, љубен, напиша таа.

Многу познати личности, но и обожаватели, во коментар им ја честитаа годишнината. Една од нив е актерката Ванеса Хаџинс, која под објавата напиша „омилени“.

Кидман и Урбан почнаа да се забавуваат во 2005 година пред да се венчаат следната година во Сиднеј. Парот има две ќерки заедно – Сандеј Роуз (14) и Фејт Маргарет (12), додека Никол има две посвоени деца Изабела (30) и Конор (28) од претходниот брак со Том Круз.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag