Ако не ги перете пешкирите за плажа додека сте на одмор, правите голема грешка
Дали носите една крпа за плажа или имате резервна? Ако носите само една, дали ја перете додека сте на море? Пешкирот за плажа зазема многу простор во куферот, па речиси сите се обидуваат да го „протуркаат“ целото летување со еден.
Ретки се оние кои размислуваат за перење на пешкирите за плажа, најчесто се сведува на нивно сушење после плажа.
Меѓутоа, ако не го измиете ниту еднаш, ќе стане идеална почва за бактерии. Енџи Хатис, менаџер за контрола на инфекции за „Tidelands Health“, верува дека најбезбедниот начин да се минимизира ризикот од инфекција е да се пере пешкирот после секој ден на плажа.
Доволно е да го потопите во топла вода со детергент и да го исушите на сонце. Доколку не сте во можност да го направите ова, се препорачува да го исушите пешкирот на ветровито место и на сонце. Брзо ќе се исуши, што значи дека бактериите нема да успеат да се размножат во голем број.