Искористете ги семките од лубеница Одлични се за здравјето

popara28 јуни, 20231min00
722273_shutterstock-153006284_m

Грицкањето семки од лубеница е многу здраво. Го забрзуваат метаболизмот, а одлични се и за блескав изглед на кожата и косата.

Додека јадете лубеница, генерално ги отстранувате семките. Во некои други култури, на пример во Тајланд, луѓето редовно ги консумираат, но ги користат и во сушена форма.

За да ги искористите придобивките од семките од лубеница, важно е добро да ги изгрицкате и исџвакате. Кога ќе се исушат, може да се направи чај.

Еве зошто е добро да се јадат семки од лубеница:

Содржат важни амино киселини

Тоа се: аргинин, лизин, глутаминска киселина, триптофан и други важни аминокиселини кои нашето тело не може само да ги произведе.

Овие амино киселини се многу важни. Така, на пример, аргининот го подобрува метаболизмот и сексуалното здравје, како и здравјето на срцето.

Богати се со магнезиум, ликопен…

Сто грама семки од лубеница содржат 139 проценти од препорачаната дневна потреба (за магнезиум.

Тој е минерал важен за многу работи, вклучително и кардиоваскуларното здравје и нормализирање на крвниот притисок.

Ликопенот е важен антиоксиданс, кој исто така го има во изобилство во семките од лубеницата. Добар е за здравјето на срцето и за машката плодност.

Семките од лубеница се богати и со витамини од групата Б како што се ниацин, фолна киселина, пантотенска киселина, тиамин и рибофлавин.

Одлични се за убава кожа и коса

Грицкањето на овие семки го подобрува изгледот на кожата, која ќе стане посветла, ќе изгледа поздраво и ќе старее побавно.

Имено, тие содржат масни киселини кои имаат способност да ја хидрираат, зајакнуваат и омекнуваат кожата и ја штитат од акни и други кожни проблеми.

Ќе направат вашата коса да блесне – ќе стане поздрава, посилна и посјајна.

Семките од лубеница содржат и бакар, кој помага во производството на меланин, пигмент одговорен за бојата на кожата и косата.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma