Анџелина Џоли во модна класика: Светол мантил и црни салонки се непогрешлива комбинација

popara28 јуни, 20231min00
profimedia-0785508072-830x0

Во изминатите десет години, Анџелина Џоли беше вистински пример за софистицирана, нежна жена со класично, минималистичко и ефективно чувство за мода.

Нејзината стилска еволуција е доста импресивна, а дивата целосно се откажа од „својата темна страна“ и ја избра класичната елеганција како стандардна модна изјава.

Таа беше видена на улиците на Њујорк со своите деца, во комбинација која секоја дама треба да ја има во својот плакар.

Енџи облече светло крем мантил со црн лелеав фустан што ѕиркаше од под него.

На нозете имала црни сандали, а како аксесоари црни очила и бела чанта.

Како што е веќе познато, актерката не се шминка во приватните моменти, поради што има беспрекорна кожа.

А забележавме дека во последно време силно преферира беж и светли нијанси на гардероба, а овие избори совршено се согласуваат со нејзината боја на коса која сега е светло кафена.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag