Која година е најтешка?
Кога ќе запознаеме некој нов, пеперутките во стомакот и почетната енергија не водат низ почетокот на врската. Сепак, по неколку месеци розовите очила бледеат и почнуваме реално да гледаме на врската што ја имаме. Ова не е нужно негативно, најдобрите односи се развиваат додека парот расте заедно, наоѓајќи нови начини да се сака и да се движи низ несовршеностите.
Велат дека првата година од забавувањето (или бракот) е најтешка. Сепак, според советникот за парови, Ким Полиндер, 3, 7, 11 и 15 години се пресвртници за раскинување за кои треба да се биде свесен, пренесува „The List“.
Полиндер вели дека паровите кои раскинуваат по три години „генерално не научиле како да ги решаваат конфликтите“. Во третата година, најдоброто нешто што еден пар може да го направи е да го преиспита својот борбен јазик и да го разбере стилот на приврзаност. Кога сакате вашиот партнер да биде слушна и разбре, запомнете дека и тој го сака истото од вас.
Седум години врска
Секоја година вашата врска расте и се менува. Кога ќе поминете седум години заедно, најверојатно веќе живеете заедно, а помислата да раскинете со некој со кого живеете може да биде исклучително комплицирана. Според некои истражувања, највисоката стапка на раскинување е околу седум години заедно. Ова е најчестото време кога на паровите почнува да им здосадува во врската и да доживуваат неверство, пишува „The List“.
По една деценија заедно, паровите или се чувствуваат како добро да се сфатиле еден со друг или повеќе не можат да најдат забава надвор од монотонијата на врската. Експертот за врски Ким Полиндер сподели на својот „TikTok“ дека до овој момент овие парови „ќе докажат дали вложиле напори да ја надминат таа стагнација“. Ако слушнете дека парот раскинал по 15 години заедно, може да изгледа прилично шокантно. Сепак, оваа година на раскинување е вообичаена, бидејќи паровите не можат да се сетат како да уживаат еден во друг