Маргот Роби, 31-годишната австралиска актерка која ја отелотвори најпознатата кукла на светот во новиот филм на Грета Гервиг „Барби“, не можеше да остане незабележана кога пристигна на аеродромот во Сиднеј.
Маргот за патувањето смислила одличен стајлинг, удобен и шик, па за овој генијален изглед не добила ништо друго освен комплименти.
Розовата карирана јакна потпишана од Шанел ја комплетираше со краток бел топ и беж панталони од класичен стил, а оваа одлична модна комбинација ја комплетираше со ремен од истата француска куќа и иконски slingback двобојни чевли со потпетица.
Станува збор за моделот кој славната Габриел Коко Шанел го претстави далечната 1957 година во соработка со париската компанија на Рејмонд Масар од Париз.
Денешните модели се резултат и на нивната соработка која трае повеќе од половина век, а тоа е шик алтернатива на стилето штикли, за разлика од кои чевлите на Шанел се исклучително удобни за носење неколку часа.
Очилата за сонце и младешката фризура ја заокружија оваа елегантна комбинација на прославената актерка која двапати беше номинирана за Оскар.
Во филмот „Барби“ играат и Рајан Гослинг, Кејт Мекинон, Мајкл Сера, Ема Меки, Кингсли Бен-Адир, Америка Ферера, Реа Перлман и други.