Состојки:
750 гр домати
1 главица кромид
4 супени лажици маслиново масло
1 лажица оцет
8 парчиња бел леб
1/2 китка босилек
1 чешне лук
сол, бибер
Подготовка:
На маслиново масло пропржете го лебот од двете страни. Извадете и зачинете со сол. Доматот исечкајте го на кришки и измешајте со ситно исечкан кромид и лук и покријте го со оцет. Намачкајте ја смесата од домати на топлите кришки леб. Измијте го и исушете го босилекот и распоредете го врз доматите.