И оваа летна сезона во тренд е русата боја на коса, а треба да се напомене дека нијансата „sun bleached“ е една од најбараните.
Летово кога станува збор за русата коса, најбарана е онаа прошарана со посветли тонови, со ефект на сонце во косата.
Нијансата „sun bleached“ е типична руса боја која е прошарана со посветли тонови“, објаснува Ели Даш – стилистка во салонот „Yoshiko Palm Beach”.
Исто така, оваа нијанса е лесна за одржување, па нема да мора да трошите огромни суми пари за да ја одржувате.
“По нанесувањето на оваа нијанса, ќе треба само да го одржувате коренот и тоа не често. Затоа, нема потреба да се користи таканаречениот балајаж кој го уништува влакното”, истакнува стилистката.
Уште една придобивка, вели Ели Даш, е тоа што дава движење на косата. Создава дополнителен волумен, а ако техниката на фарбање се примени правилно, делува на речиси сите бои на коса.