ЧУДЕСНО: Испијте го овој напиток пред спиење и ВЕДНАШ ќе почне да го топи салото

popara30 јуни, 20231min00
R

Секако, покрај конзумирањето на овој напиток, мора да имате и урамнотежена и разновидна исхрана која треба да биде придружена со физичка активност

Нутриционистката Александра Седларевиќ откри дека можеме да конзумираме некои пијалоци пред спиење и дека ќе ни помогнат да ослабеме, односно ќе го поттикнат телото да согорува калории и масти.

— Пред спиење може да пиеме 1 исцеден лимон во 300 мл вода или да ставиме во водата лажичка цимет, некој друг цитрус или лажичка мелен лен, како и билен чај.

Таа сподели рецепт за пијалок кој содржи ѓумбир, кој е еден од најздравите зачини.

– Потребен ви е еден свеж корен од ѓумбир и 1,5 литри вода. Изечкајте го ѓумбирот кој претходно добро сте го измиле под млаз млака вода. Ќе ви требаат 5 потенки коренски прстени. Ставете ги прстените од ѓумбир во сад со вода и варете на тивок оган околу 20 минути. Потоа тргнете од оган, поклопете и оставете да се излади — својот рецепт за порталот „Сенса“ го открива нутриционистот Александра Седларевиќ.

Ѓумбирот содржи бројни витамини, минерали, здрави масти и полифеноли кои делуваат како антиоксиданти. Многу студии ја докажуваат неговата ефикасност за слабеење – ѓумбирот содржи соединенија наречени гингероли и шогаоли, кои се одговорни за забрзување на метаболизмот.

Секако, покрај конзумирањето на овој напиток, мора да имате и урамнотежена и разновидна исхрана која треба да биде придружена со физичка активност, а водата со ѓумбир треба да биде само една од природните состојки кои можат да ви помогнат да ги „симнете“ несаканите килограми.