Супермоделот Наоми Кембел доби син на 53-годишна возраст.
Манекенката ја објави веста на Инстаграм и порача дека „никогаш не е доцна да станеш мајка“, по раѓањето на нејзиното второ дете.
На фотографијата што ја објави Наоми го држи момчето, додека нејзината едногодишна ќерка го држи за рака.
– Мил мој, знај дека си сакан над сите граници и опкружен со љубов од моментот кога нè удостои со твоето присуство, вистински дар од Бога, благословен! Добредојде момче. Никогаш не е доцна да станеш мајка – напишала Наоми.
Следеа бројни пораки од нејзините пријатели и следбеници, а многумина се прашуваа какво име му дала на момчето. Сепак, Наоми не одговори на прашањата.