Принцот Хари и неговата сопруга Меган Маркл ќе треба да склучат „приватен договор“ со кралот Чарлс Трети доколку сакаат да останат во кралските домови кога ќе останат во Велика Британија, објави „The Sun“. Имено, војводската двојка конечно целосно ја напуштила Frogmore Cottage, која им била дадена на користење, а последниот имот од куќата бил испратен во нивниот дом во Калифорнија. Тие ги вратија и клучевите од куќата шест месеци откако официјално „беа избркани“ од Фрогмор. Тоа го направија пред предвидениот рок и останаа без „база“ во татковината на Хари. Следниот пат кога ќе дојдат ќе мора да престојуваат во хотел или во куќа на пријател, бидејќи тешко дека ќе бидат сместени во кралски објекти со оглед на несогласувањата и прокламираното намалување на трошоците на кралското семејство, пишува Дејли мејл.
Сасексите го добија своето известување за иселување од Фрогмор, шармантен дом со пет спални соби, во јануари, само неколку дена по објавувањето на мемоарите на Хари, а не помогна ниту тоа што покојната кралица Елизабета им ја подари куќата како подарок за свадбата, бидејќи нејзиниот наследник одлучил поинаку. Меган и Хари ја поднесоа одлуката доста добро и изјавија дека се „многу привилегирани што имаат дом и во САД и во Британија“. Во последните три години, откако се преселиле во Америка, тие престојувале во Фрогмор само неколку пати, а „прошталниот“ престој беше од Хари на почетокот на овој месец, кога тој дојде во Британија да сведочи во судењето за хакирање телефони.