Во последните сезони бевме сведоци на големата популарност на парчињата облека „2 во 1“, како што се шорцевите кои изгледаат како мини здолништа.
Британките на овој моден хибрид му го дадоа името skort, а деновиве на улиците на Њујорк го носеше музичката мегаѕвезда Тејлор Свифт. Таа ја носеше нејзината тексас верзија во комбинација со лелеава, бела блуза и хит аксесоарите на летото – сламена чанта и fisherman сандали по моделот на мокасини.